За нас

Разгори ја страста

Во Мотоцентар живееме и дишеме во свет на две тркала. Ја раскажуваме приказната за квалитет, посветеност, потрага по извонредност, но најважно ја раскажуваме приказната за самите моторџии. Патувањето ни започна едноставно, но со длабоко верување дека секој возач ги заслужува најдобрите возила и опрема за разгорување на страста и адреналинот.

Придружи се кон движењето

Врз основа на досегашното искуство и долгогодишната работа, нудиме широка палета на моторни возила соодветни на вашиот животен стил и потреби. Голем избор на нови и половни мотоцикли, скутери, кватроцикли, електрични скутери и велосипеди за сите Ваши потреби. Искусен персонал за поддршка и сопствен транспорт. Повеќе можности за финансирање и кредитирање. Обезбеден сервис и резервни делови како и гаранција за истите.